Search

Истепан полицаец кој интревенирал за кревање на автомобил со „пајак“

Полицаец е физички нападнат вчера додека асистирал при кревање на непрописно паркиран автомобил во Тетово.

Според полицијата, насилството се случило околу 16.30 часот, на улицата Борис Кидрич во Тетово при вршење службена должност кога се подигнувало непрописно паркиран автомобил заедно со екипата на општинското претријатие за градски паркинг.

По нападот приведен е напаѓачот Н.С (29) од селото Шемшово.

– Напаѓачот е приведен и задржан во ПС Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицаецот е задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За два месеци ова е втор напад врз полицаец во Тетово. На 30 април 49-годишен жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако на улицата Илинденска во Тетово прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади за 2018-та година.

Треба да знаете
Последни објави