Search

Испукани шест куршуми во моторџија во Чаир, го погодиле во нога

Скопјанец бил ранет во нога, откако во него пукало непознато лице утрово во Чаир, информираше МВР.

-На 02.06.2020 во 5.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на улицата Архиепископ Доситеј едно лице пукало од огнено оружје кон К.Т.(24) од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата, велат од полицијата.

Тој  бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави