Search

Исполнета и последната желба на популарната писателка: Погреб во бело, со куфери и шапки на Исидора

„Секое патување започнува со пакување на куфер. Патувањето е освојување на среќата. Да се има идеална патна торба значи да го грабнете секое парче среќа што ви припаѓа и да го чувате за себе“, напиша во една своја книга посветена на Луј Витон Исидора Бјелица која за време на нејзиниот живот најмногу сакаше да патува. Писателката почина на 5 август, а на комеморацијата во саботата пред нејзината слика стоеа токму куферите и шапките по кои беше препознатлива… Во една прилика додека се бореше со подмолната болест напиша: „Не сакам тага, кога ќе отидам, организирајте забава во бело…“ Таа беше кремирана, а нејзината пепел ќе биде однесена таму каде што најмногу сакаше да патува…

Исполнета е и последната желба на Исидора Бјелица, погреб во бело со нејзините куфери и шапки… Популарната српска писателка Исидора Бјелица, која на 5 август на возраст од 52 години по долгата борба ја загуби битката со подмолната болест, во саботата од нејзиното најблиско семејство и пријателите беше испратена на вечно почивалиште. На Новите гробишта во Белград, по нејзина желба таа беше кремирана, а пепелта, иако нејзиниот сопруг не сакаше да открие повеќе детали, ќе биде однесена таму каде што таа најмногу сакаше да патува… Истиот ден неколку часа порано се одржа и комеморација во малата сала на Сава центарот во која од Исидора, се простија нејзините најблиски, сопругот драматургот Небојша Пајкиќ, децата Вила и Лав, нејзините родители, пријатели и фанови. На комеморацијата покрај сликата на Исидора стојеа Луј Витон куферите кои Бјелица ги сакаше, како и нејзините шешири по кои беше препознатлива…

Преземено од Вечер

Треба да знаете
Последни објави