Search

Исмаили  на Форумот на министри за култура на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО

Министерот за култура Хусни Исмаили престојува во Париз, Република Франција, каде што ќе учестува на Форумот на министри за култура на тема: „Културата и наследството, обновливи енергии за дијалог и мир”, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

Предвидено е утре министерот за култура Исмаили да има свое обраќање на панел-дисукусиите на кои ќе се разговара за иницијативите и механизмите што поттикнуваат културен дијалог на национално или на локално ниво, како и за улогата на културната дипломатија во одржувањето на мирот и активностите што ги спроведува нашата земја во овој контекст.

На 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, кое се одржува од 17 до 21 ноември, меѓу другото, ќе се дискутира и за други теми: културата во срцето на образованието како фундаментална димензија за човеков развој и иновации, инвестирање во културата и креативноста за одржлив развој и вработување, како и за културата во јавниот простор како двигател за социјална и урбана трансформација.

Со почит,

Министерство за култура

Треба да знаете
Последни објави