Search

Исмаили замина на клупата кај Ренова седнува директорот Нухиу

Откако  по неделниот првенствен пораз од Струга ТЛ (1:0) дојде до разделба на тренерот Бујар Ислами и фудбалскиот прволигаш Ренова, за утрешната нова средба со стружани во четвртфиналето од Купот на Македонија “гипсарите“ ќе ги предводи од клупата директорот Фисник Нухиу. Покрај него на клупата ќе биде еден од помошниците на сега екс- тренерот Ислами, Бехар Укали.

Прашањето кој ќе биде новиот тренер на Ренова ќе биде решавано за време на зимската пауза.

 

Треба да знаете
Последни објави