Search

Исланд ја скроти Португалија

Исланд одигра добар натпреавр и го совлада најпријатното изненадување Португалија (28:25) во досегашниот дел од 14. Европско ракометно првенство кое  влезе во втората фаза од натпреаврувањето. Во групата 2 која се игра во Малме, Исланд стаса до првата победа во втората фаза.

Исланд од почетокот до крајот го контролираше натпреварот во кој Португалија не се предаваше, но немаше решение во решавачките моменти за голманот Густафсон. Со овој триумф Исланд се израмни со Португалија, со која имаат по една победа и два порази. Во наредната рунда Исланд ќе игра дерби натпреавр со Норвешка.

Португалците лошо го почна натпреаврот против Исланд. За тринаесет минути дадоа само еден гол. Исланд го искористи тоа и оставри предност ос 7-1. Португалија не се предаде и успеаа на почетокот од вториот дел да стаса до зирамнување (14-14), а во 36 минута првпат и поведа (17-16).  Исланд повторно ја зеде под контрола ситуацијата на паркетот и во последните пет минути го реши победникот.

Најефикасен кај Исланд беше Смарасон со осум гола, а Палмарсон, Сигурдсон и Петерсон постигнаа по пет. Голманот Густафсон одбрани 12 уадри. Кај Португалија најефикасни беа Мартинс и Ариеа со по четири гола.

Треба да знаете
Последни објави