Search

Исланд ја декласира Црна Гора, сега чека пораз на Французите

Исланд ги задржа шансите за полуфинале на Европското првенство во ракомет во Унгарија и Словачка кога со 34:24 (17:8) ја декласира Црна Гора во последниот меч по групи и сега ќе се надеваат дека вечерва Данска ќе ја совлада Франција за да добијат место во борбата за медали.

Црна Гора имаше катастрофално прво полувреме пред да се обиде да направи камбек во второто, но Исланд играше постојано со своите контранапади и на крајот го зголеми водството. Омар Инги Магнусон постигна 11 гола за Исланд, од кои 5 од 5 од пенал, а Милош Вујовиќ, пак, беше најдобар за Црногорците со идентични 11 гола.

Со победата, Исланд, дефинитивно, го потврди третото место во групата и борба за 5/6 место, но ќе се надева на историско полуфинале со помош на Данците.

Треба да знаете
Последни објави