Search

Исланд: Евакуирани планинари кои дошле да видат вулкан

Пареа и лава почнаа да течат од исландскиот вулкан што избувна минатиот месец, и како резултат на тоа стотици планинари мораа да бидат евакуирани.

Новата пукнатина, која била забележана од надзорен хеликоптер и од која излезе и лава, е долга околу 500 метри и се наоѓа на околу еден километар од местата каде што се случила ерупцијата во долината Гелдинг, јавуваат светските агенции.

Исландското Министерство за вонредни ситуации нареди итна евакуација на областа, но донесе одлука дека нема опасност по животот на луѓето, бидејќи се наоѓа далеку од популарните пешачки патеки.

Исландската метеоролошка служба соопшти дека вулканската активност не треба да ги оштетува патиштата околу блискиот аеродром во Кефлавик.

Вулканот беше во состојба на мирување долго време, а потоа беше активиран на 20 март, на што му претходеа неколку десетици илјади земјотреси а ова е прва ерупција во таа област по 800 години.

Вулканот се наоѓа во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, оддалечен околу 32 километри, а поради ерупцијата, дошле околу 30. 000 туристи, дури и во време кога целиот свет, вклучително и Исланд, се борат со пандемијата од Ковид-19, проценуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави