Search

Исланд без проблеми против Португалија, Полска подобра од Австрија

Ракометарите на Исланд немаа поголеми проблеми против Португалија во првиот натпревар од групата Б од Европското првенство.

Исланѓаните славеа победа со 28:24 без притоа ниту еднаш да го доведат во прашање името на победникот на овој натпревар. Уште по првото полувреме Исланд ја реши работата и на пауза замина со 14:10, додека до крајот на натпреварот само ја одржуваше позитивата која во еден момент стигна и до шест голови и на крај сосема заслужено ги однесе поените.

Поголеми проблеми во воведниот натпревар немаше ни селекцијата на Полска која со 36:31 славеше против репрезентацијата на Австрија.
Полјаците приредија изненадување затоа што пред почетокот на натпреварот Австрија беше фаворит на оваа средба.
Натпреварот беше израмнет на почетокот, а потоа Полска ја презеде иницијативата и до крај го контролираше резултатот.

Одличен на теренот беше играчот на Келце, Аркадиуш Морито кој постигна девет погодоци. Ракометарот на Вардар, Патрик Валчак одигра солидно и зад своето име запиша два погодоци.

Претходно Германците после пресврт славеа против Белорусите со 33:29 во Братислава.

Треба да знаете
Последни објави