Search

„Исламска држава“ погуби речиси 700 луѓе за два месеца

На истокот во Сирија, терористите на „Исламска држава“ погубија речиси 700 заложници за два месеца, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Оттаму посочија дека жртви се дел од 1.350-те цивили и борци кои ИД ги држи како заложници во област во близина на границата со Ирак, пренесе „Ројтерс“.

Џихадистите контролираат мала копнена област источно од сириската река Еуфрат, во близина на градот Хаџин, во кој силите што ги поддржуваат САД навлегоа месецов. Сириските демократски сили што ги предводат сириските Курди, неколку месеци се бореа таму против ИД со помош на воздушните и специјалните сили на САД, потсетува британската агенција.

Треба да знаете
Последни објави