Search

Исламабад: Нема терористички кампови во Пакистан на локациите посочени од Индија

Категорично негирајќи го присуството на какви било терористички логори, Министерството за надворешни работи на Пакистан изјави денеска дека темелно го испитале целото досие за терористичкиот напад во Пулвама и не нашле никакви докази за терористички логори на локациите споменати од Индија ниту кое било од лицата споменати во досието кои би можеле да бидат поврзани со наведениот напад, пренесува „Спутник“.

„Во текот на истрагата, сите аспекти на информациите обезбедени од Индија беа темелно испитани, вклучувајќи ги и видеозаписот на кој Адил Дар презема одговорност за нападот, броевите на WhatsApp и Telegram користени за споделување на видеа и пораки за поддршка на нападот во Пулвама, листата со 90 лица осомничени дека припаѓаат на посочената организација и 22 локации за наводни кампови за обука “, објави во петокот пакистанското МНР.

На 27 февруари Индија спдели досие поврзано со милитантниот напад во Пулвама, во кој на 14 февруари загинаа најмалку 14 индиски војници. Пакистанското МНР соопшти дека формирало истражен тим, притворило повеќе лица за истрагата и почнало да работи на техничките аспекти на содржините на социјалните мрежи врз основа на индискиот документ.

„Иако се испитани 54 притворени лица, досега не е откриен ниту еден детал што ги поврзува со Пулвама. Испитани се и 22 локации споделени од Индија и утврдено е дека не постојат такви кампови. Пакистан е подготвен да дозволи посети, на барање, до овие локации”, додаде Министерството за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави