Search

Искрениот Алба: Ако не ја освоиме титулата во Примера…

Левиот бек на Барселона, Жорди Алба смета дека тој и неговите соиграчи во никој случај не смеат да ја испуштат шансата и да останат без титулата во Примера во оваа сезона.

 

Клубот од „Камп Ноу“ на десет кола до крајот има десет поени предност во однос на Атлетико Мадрид и плус дванаесет од Реал Мадрид, меѓутоа каталонците имаат и обврски во Лигата на шампионите што секако остава простор за надеж на составите од шпанската престолнина.

-Ќе биде многу глупаво ако останеме без титулата во Примера со оглед на предноста што ја имаме. Ама има уште многу бодови во игра и мора да продолжиме, -порача Алба.

Треба да знаете
Последни објави