Search

Искористете ги супермоќите на Халкбанк и добијте вредни награди

Претпоставуваме дека веќе слушнавте за големата наградна игра на ХалкБанк „Активирај Супермоќ”Супермоќта на банката е да ви покаже како да си го олесните секојдневието со користењето на супермоќите, плаќање со HalkPay апликацијата, плаќање со Garmin часовник кога сте во движење и плаќање со Mastercard кредитните картички издадени од Халкбанк и притоа да станете потенцијален добитник на вредни награди во наградната игра која трае до 28 Февруари идната година.


Постојат три различни начини за отклучување на Вашата супермоќ, и тоа: правење на трансакции со кредитните картички Mastercard и правење на трансакции со користење на иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Секој таканаречен херој, кој ќе ја искористи својата супермоќ, потребно е да даде и своја согласност за учество во наградната игра на веб страната на Халкбанк АД Скопје. На тој начин се станува потенцијален добитник на една од вредните награди:

 

-45 ваучери за спортска опрема во износ од по 6 000 денари;

-6 часовници Гармин;

-4 мобилни телефони и;

-5 ваучери за велосипеди

 Ваучерите за спортска опрема ќе бидат извлекувани во три месечни извлекувања и тоа на 3 декември, 12 јануари и 2 февруари, додека пак останатите награди ќе бидат доделени на главното извлекување кое ќе се одржи на 9 март! 

Да не заборавиме дека трансакциите преку HalkPay и GarminPay носат тројна шанса за учество, а исто така и дека во секое месечно извлекување учествуваат сите трансакции направени во претходниот месец, додека, пак, во главното извлекување, учествуваат сите трансакции направени за времетраење на наградната игра. 

Последно, но не и помалку важно, е дека право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на кредитните картички Mastercard издадени од Халкбанк кои ќе направат трансакција во периодот на времетраење на наградната игра како и оние ќе направат трансакции преку HalkPay и GarminPay. Сите останати информации за наградната игра, можете да ги пронајдете тука. И уште нешто, среќно! 

 
 
 
Треба да знаете
Последни објави