Search

Исклучен руски нуклеарен реактор, испуштал пареа

Нуклеарен реактор на југот на Русија е исклучен бидејќи е откриено дека испушта пареа, но тоа не предизвикало зголемување на радиоактивното зрачење.

Како што наведува Розенергоатом, подружницата на руската нуклеарна агенција Росатом, реактор број 2, од четири што ги има електраната во близина на Ростов на Дон, на југот од земјата, мораше да се затвори поради поправки, бидејќи синоќа во 23.55 часот по средноевропско време беше откриено дека испушта пареа.

„Причината е неисправен спој на цевката од 18 милиметри преку која не-радиоактивна вода оди до генераторот на пареа на реакторот”, наведува Розенергоатом.

Треба да знаете
Последни објави