Search

Исклучени од сообраќај 8 возила кои вршеле јавен превоз во Охрид и Кичево

На целото подрачје на СВР Охрид вчера беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот посебно насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.

„Полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2)“, соопштија од СВР-Охрид.

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2).

Од охридската полиција велат дека акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Треба да знаете
Последни објави