Search

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

ИСИС вечерва ја презеде одговорноста за нападот на мост во Лондон, објавувајќи дека напаѓачот, 28-годишниот Усман Кан е еден од нивните борци.

 

Исламската држава објавила дека инцидентот е одговор на нејзините повици да се напаѓаат земји кои се дел од коалицијата која се бори против оваа екстремистичка група.Исламската држава, меѓутоа, не понудила доволно докази за своите тврдења, јавува Ројтерс.

 

Усман Кан усмртил двајца, а повредил три лица со убоди со нож, додека носел лажен елек за самоубијци.

Кан се заканувал дека ќе го разнесе Фишмонгерс Хол, каде прируствувал на конференција за рехабилитација и едукација на затворениците во петокот.

Откако избодел пет лица, полицијата го убила на лице место.

Кан, кој во 2012 година бил обвинет за тероризам, а минатата година бил условно ослободен.

– Лицето е познато на властите со оглед на тоа дека веќе било обвинето за кривично дело тероризам. Тој е условно ослободен од затвор во декември 2018 година, а клучно во истрагата е да утврдиме како го извел овој напад, изјави шефот на антитерористичката полиција Нил Базу.

Според „Тајмс”, Кан бил условно ослободен откако се согласил да носи електронска направа за следење на затворениците.

Треба да знаете
Последни објави