Search

Исечени головите на стадионот во Кавадарци !

Крадци во потрага по железо или пак вандали со цел да направат штета, на Градскиот стадион во Кавадарци се дрзнале да ги исечат двата голови на теренот. Фудбалското игралиште утрово осамна без металните голови, а случајот е пријавен во полиција.

На стадионот денеска се појавија на лице место да видат што се случило градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и првиот човек на фудбалскиот клуб Тиквеш, Миле Масларков, кои пред медиумите порачаа дека ваквиот чин на вандализам нема да ги скрши, туку напротив, ќе им даде поттик да направат уште повеќе за градскиот фудбалски клуб „Тиквеш“.

-Ова нема да не поколеба. Полицијата изврши увид, сторителите треба да одговараат, за да во иднина не се повтори вакво недело – изјави Масларков, претседателот на УО на Тиквеш.

Треба да знаете
Последни објави