Search

Ирскиот сценарист и режисер, Џим Шеридан доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола

Ирскиот сценарист и режисер, Џим Шеридан ќе биде гостин на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Шеридан на Фестивалот доаѓа како претставник на Европската филмска Академија (ЕФА).

Тој е роден во Даблин во 1949 и е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија. Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек делото „Во името на таткото“/In The Name Of The Father, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои Златната мечка, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за Оскари, 4 номинации за Златниот Глобус и 2 номинации на БАФТА.

„Големото име како Џим Шеридан покажува каков е односот на ЕФА кон нашиот фестивал кога како свој делегат за 40. издание го испраќаат големиот автор Шеридан“, рече Благој Куновски – Доре на прес-конференција на која беа соопштени деталите за фестивалот.

Треба да знаете
Последни објави