Search

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар за време на пандемијата

Ирскиот премиер Лео Варадкар, кој инаку е доктор по професија, повторно се пријави за лекарска пракса и ќе работи една смена неделно за време на епидемијата на коронавирусот, рекол портпаролот на кабинетот на Варадкар.

Ирскиот премиер работел како доктор седум години пред да ја напушти професијата и влегол во политиката, кога бил избришан од медицинскиот регистар во 2013 година.

Министерот за здравство, Сајмон Херис во март испрати повик до медицинарите да се пријават и да помогнат на здравствениот систем во борбата против коронавирусот.

Според пишувањето на „Ајриш тајмс“, Варадкар ќе работи во јавната здравствена служба каде телефонски ќе стапува во контакт со лицата кои мислат дека имаат вирус и ќе ја проценува нивната состојба.

Треба да знаете
Последни објави