Search

Ирска ќе прифати одложување на брегзитот

Ирскиот министер за надворешни работи ја увери Велика Британија дека Ирска нема да ѝ застане на патот на Европската унија во прифаќањето 21-месечно одложување на брекзитот.

Сајмон Ковини рече дека фокусот во оваа фаза е да се увери Британија во тоа и да се решат отворените прашања.

„Постојано велиме дека ако има барање за повеќе време и план да се оствари тоа, со цел да се направат обиди за решавање на отворените прашања, Ирска сигурно нема да застане на патот“, изјави по говорот пред Советот за човекови права на Обединетите нации.

„Но, сметам дека фокусот во оваа фаза треба да биде на решавање на отворените прашања, а не на продолжување на Членот 50“, додаде тој.

Според извештаите во британските медиуми, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во понеделникот остварија конструктивни разговори и се согласија да донесат дополнителни договор за брегзитот до 21ви март.

Меј е под притисок од европските лидери да избегне брегзит без договор.

Премиерот на Холандија, Марк Руте предупреди дека Британија „месечари кон сценарио без договор“, додавајќи дека тоа е неприфатливо.

Треба да знаете
Последни објави