Search

Ирис излегува на модната писта на возраст од 98 години

Познатата модна икона Ирис Апфел, која наврши 97 години, само што потпиша договор со една од водечките светски агенции за модели, „ИМГ моделс“.

Ирис е позната по својата кратка, бела коса, огромни очила и куп накит, но, исто така, по тоа што беше задолжена за дизајнот на ентериерот на Белата куќа, и тоа за време на девет претседатели од 1945 година, кога се појави претседателот Труман, па сè владеењето на Клинтон. Така, Апфел се придружи на младите модни икони Џиџи Хадид, Жизел Бундшен, Лили Олдриџ и Халима Аден.

„Многу сум возбудена. Никогаш не сум имала толку добар агент“, кажа Ирис на потпишувањето на договорот, истакнувајќи дека овој ангажман се случил ненадејно.

„Кој би помислил дека ќе станам модел на возраст од 97 години“, коментираше модната икона.

Инаку, дизајнерката со светско реноме во 2005 година стана првата жива личност која изложила своја облека и прибор во Музејот на уметноста „Метрополитен“, на изложба под наслов „Rara Avis (ретка птица) Irreverious Iris Apfel. Светот е воодушевен од документарниот филм за нејзиниот живот, кој го објави режисерот Алберт Мајслес на „Нетфликс“ во 2014 година, а во 2018 година објавена е и биографија на нејзиниот богат живот, чиј автор е Харпер Колинс.

Таа неодамна се појави како модел за „Мак козметикс“ и беше ѕвезда на ширење на „Вог“ во Италија и стана најстариот модел што некогаш бил претставен на насловната страница на магазинот Dazed & Confused. И токму кога се мислеше дека конечно ќе се пензионира и ќе ужива во спомените во мир, Ирис се враќа на пистата.

Зборувајќи за тоа зошто ја ангажирале, директорот на IMG Models и IMG Fashion Properties, Иван Барт вели дека Ирис е икона на стилот со огромен талент. Ирис вели дека во освојувањето на нови работни ангажмани, пред сè ја води љубовта кон она што го работи, како и можноста да запознава интересни и креативни луѓе и убаво да си поминува.

Треба да знаете
Последни објави