Search

Ирина Шајк уживаше во прошетката со својата ќерка

Светската моделка Ирина Шајк по разделбата со нејзиниот сопруг, актерот Бредли Купер, вели дека целото внимание сега ќе го посвети во воспитувањето на ќерка ѝ, двегодишната Леа Де Сина.

Двете беа снимени од папараците низ улиците на Њујорк. Ирина го сврте вниманието со фустанот од 600 евра, преку кој имаше облечено мантил од брендот „Барбери“. Руската моделка својот изглед го комплетира со гумени чизми од „Шанел“.

Ирина модниот изглед го усогласи со Леа. Двегодишното девојче на себе имаше гумени чизми со жолта боја. Ирина вели дека по модната недела во Милано, таа се вратила во Њујорк каде што поголемиот дел од своето време ќе го помине со својата ќерка.

Треба да знаете
Последни објави