Search

Ирачкиот министер за надворешни работи во прва посета на Иран

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин денеска пристигна во Техеран, каде ќе се состане со највисоките ирански претставници. Хусеин, кој е во прва посета на Иран, треба да разговара со неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Сепак, во извештај на иранската агенција Ирна не се наведени главните причини за дводневната посета на Хусеин.

Зариф го посети Багдад во средината на јули, кога се состана со Хусеин и ирачкиот премиер Мустафа Ал-Кадими и тоа беше негово прво патување во Ирак по американските воздушни напади во кои во јануари беше убиен истакнатиот генерал на иранската армија Касим Сулејмани на аеродромот во Багдад.

По посетата на Зариф на Ирак, Ал-Кадими го посети Иран во јули.

Треба да знаете
Последни објави