Search

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари

На иранските жени ќе им биде дозволено да одат на стадиони и да ја гледаат машката фудбалска репрезентација, информира денеска министерот за спорт Масуд Солтанифар.

– Направени се сите неопходни подготовки за да можат жените, првично само за меѓународни натпревари, да влезат на фудбалските стадиони, истакнува во пишана изјава Солтанифар.

На стадионот „Азади” во Техеран, каде Иран ги игра повеќето од своите натпревари и треба да биде домаќин на квалификациите за Светското првенство од следниот месец, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети.

Исто така, ќе има дополнителна полиција за да се обезбеди жените да можат безбедно да влезат и да го напуштат стадионот, изјави Солтанифар.

На жените во Иран веќе четири децении им е забрането да присуствуваат на фудбалски натпревари. Една жена неодамна почина откако се самозапали во знак на протест поради тоа што и беше изречена затворска казна за обид за гледање на клупски натпревар.

Треба да знаете
Последни објави