Search

Иран ќе го надмине лимитот на ураниумските резерви од нуклеарниот договор

Иранската атомска агенција денеска потврди дека земјата наскоро ќе го надмине лимитот за своите резерви од ураниум утврден во неуспешниот нуклеарен договор ЈЦПОА, договорен со Обама, пренесува „Брејтбарт“.

Портпаролот на агенцијата, Бехруз Камалванди додаде дека Техеран, исто така, ќе ги зголеми нивоата на збогатување на своите ураниумски залихи врз основа на потребите на земјата.

Најавата следи на коментарите на иранскиот претседател Хасан Рохани на 15 јуни дека неговата земја ќе продолжи со намалувањето на усогласеноста со нуклеарниот договор ако другите потписници не покажат позитивни сигнали за договорот.

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор минатиот мај, одржувајќи го ветувањето од својата предизборна кампања за прекин на договорот. Сега Иран е во трка за целосна нуклеарна самоодржливост, потврди Камалванди.

„Денес започна одбројувањето за надминување на 300 килограми резерва од збогатен ураниум и за 10 дена ќе го надминеме ова ограничување”, рече тој, посочувајќи го 27 јуни како датумот за кршење на клучната одредба од договорот.

Камалванди призна дека земјата веќе четирикратно го зголеми производството на ниско збогатен ураниум. Иран започна да ги зголемува нуклеарните резерви минатиот јули, кога објави дека залихите од ураниум им се близу 950 тони и покрај глобалните забрани.

Треба да знаете
Последни објави