Search

Иран ја повика Турција да ја прекине воената офанзива во Сирија

Иранското Министерство за надворешни работи денеска ја повика Турција веднаш да ја прекине воената офанзива во Сирија и да ги повлече своите сили од земјата.

Во соопштение објавено на официјалната веб-страница, Министерството изрази загриженост за хуманитарната состојба и опасностите за цивилите во зоната на конфликтот.

– Министерството за надворешни работи на Иран ја нагласува потребата од итно прекинување на нападите и повлекување на турската армија од Сирија, се вели во соопштението.

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници вчера пристигнаа во северо-источна Сирија, населена главно со Курди, со што почна турската инвазија која наиде на осуда од целиот свет. 

Треба да знаете
Последни објави