Search

Иран ја отфрли можноста за дијалог со САД

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја отфрли секоја можност за преговори со САД, кои би можеле да доведат до смирување на тензиите во Заливот, пренесува јапонската агенција Кјодо.

,,Нема можности за преговори”, изјави Зариф, кој престојува во Токио, на прашањето на новинарите дали е подготвен да започне билатерални разговори со Вашингтон за да се смират тензиите.

Напнатоста во регионот порасна нагло последниве недели откако почнаа да имаат ефекти американските санкции против Иран, кои беа воведени по повлекувањето на земјата од нуклеарниот договор во 2015 година.

Трамп негираше дека подготвува 120.000 војници за Блискиот Исток.

Треба да знаете
Последни објави