Search

Иран уапси австралиска блогерска двојка, снимале со дрон без дозвола

Објавени се имињата на двајца австралиски државјани кои беа  уапсени пред десетина недели во иранската престолнина Техеран и однесени во злогласниот затвор Евин. Тоа се Марк Фиркин и Џоли Кинг кои исто така имаат британско државјанство, пренесува „Гардијан“. Двајцата тргнаа од Перт во 2017 година за да го пропатуваат светот.

Покрај нив двајца, во озлогласениот ирански затвор се наоѓа уште една Австралијка, која беше уапсена минатата година и осудена на десет години затвор. Австралиските власти објавија дека преговараат со Иран за ослободување на тројцата нивни државјани.

https://www.instagram.com/p/ByeuqNkAOyQ/?utm_source=ig_web_copy_link

Уредникот на ТВ Маното, Пурија Зераити, на Твитер напиша дека извор му рекол дека биле уапсени бидејќи користеле дрон близу Техеран. Во претходните извештаи се вели дека тие кампувале во близина на воената зона Јајрод, близу Техеран.

Двојката пишувала и известувала за своите патувања на социјалните медиуми Јутјуб и Инстаграм, а десетици видеа и фотографии покажуваат дека тие користеле дрон.

„Семејството тврди дека станува збор за недоразбирање и дека Џоли Кинг и нејзиниот свршеник Марк Фиркин не знаеле за иранскиот закон дека не можат да користат беспилотно летало ако ја немаат потребната лиценца“, рече Зераити.

Тој додаде дека сè уште не им било судено и дека сè уште не е познато што планираат да направат иранските власти со нив.

Треба да знаете
Последни објави