Search

Иран соопшти дека презел мерки за да продолжи да тргува и по обновувањето на американските санкции

Иран ги презеде неопходните мерки во банкарскиот сектор за да продолжи да тргува со своите партнери, и откако САД ги обновија санкциите против енергетскиот и финансискиот сектор на Техеран, соопшти гувернерот на иранската Централна банка Абдолнасер Хемати.

– Преговарам со нашите трговски партнери и преземени се сите неопходни чекори за дa продолжи трговијата со Иран, рече Хемати.

Тој додаде дека Техеран ги очекувал санкциите и имало подготвени планови за борба против нив.

– Ја земавме предвид веројатноста да биде спречен пристапот на банките до системот за плаќање СВИФТ (SWIFT) и смисливме алтернативи за неговата замена, рече Хемати.

Системот СВИФТ вчера соопшти дека го прекинал пристапот до услугата за некои ирански банки поради стабилноста и интегритетот на глобалниот финансиски систем.

Треба да знаете
Последни објави