Search

Иран, Сирија, Хамас и Исламски џихад може да бидат одговорни за изолирани напади

Федерален суд на САД во Вашингтон постави нов преседан со одлуката дека Иран, Сирија, Хамас и Исламски џихад можат да бидат сметани за одговорни и дека мора да платат отштета за смртните случаи предизвикани од постапките на одредени напаѓачи „осамени волци“, пренесува „Џерусалем пост“.

Одлуката- која може целосно да ги смени правилата на игра- значи дека терористичките групи и државни спонзори на терор би можеле да бидат погодени со пресуди за отштета од милиони, па дури и милијарди долари за Интифадата на ножот во 2015-2016 и за други напади на т.н. „осамени волци“ ако има доказ што ги поврзува со конкретни напади.

Иако одлуката за приближно пет години стариот случај во корист на невладината организација „Шурат Хадин“ и повеќето од 44 тужители што ги претставува беше официјално донесена во неделата, таа беше објавена дури утрово.

Неколку од случаите на тужителите беа отфрлени. Честопати во такви случаи, некои случаи се отфрлаат заради прашања во врска со нивното американско државјанство, помали проблеми со статусор или со темелните прашања за наводната штета.

Судот сега само одлучи за одговорноста, но може да поминат години пред да донесе одлука за реална отштета за одредени напади од времето на Интифадата на ножот, како и за некои други напади помеѓу 2008-2018 година.

Поранешниот официјален претставник на COGAT, Арје Шпицен, и антитерористичкиот експерт Ноа Меридор, беа клучни во случајот објаснувајќи пред судот како терористичките групи и државните спонзори на теророт можат да работат зад сцената за да ги олеснат терористичките напади, кои во моментот се чини дека се спонтани и изведени од  „осамени волци “.

„Шурат Хадин“ во минатото издејствува пресуди против Иран, Сирија, Хамас и други терористички групи, но ова е првпат некој да добие случај пред американски суд против ваквите групи за спонзорирање „осамени волци“.

Треба да знаете
Последни објави