Search

Иран се пофали со подземни ракетни градови по должината на брегот на Персискиот Залив

Командантот на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) се пофали со подземните ракетни градови по должината на крајбрежјето на Персискиот Залив. Адмиралот на иранската морнарица, Алиреза Тангисири, во неделата најави изградба на нови подземни ракетни градови предупредувајќии дека тие би биле кошмар за непријателите на Иран.

„Имаме пловечки градови за лансирање проектили што ќе ги прикажеме кога нашите лидери ќе сметаат дека е соодветно“, рече Тансири за неделникот „Соб-е Садег“.

Тансири исто така новите ракетни градови ги нарече подземни градови во кои се наоѓаат пловни објекти и ракети. Тој додаде дека Иран има оружје на целото јужно крајбрежје. Оружјето, претежно во рацете на ИРГЦ, вклучува единици на Басиџ и 428 флотили, кои оперираат по должината на крајбрежјето и се концентрирани во Персискиот Залив.

Фалбите доаѓаат по пожарот во четвртокот во иранскиот нуклеарен комплекс „Натанз“. Портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, изјави дека инцидентот оштетил еден од објектите во изградба во комплексот и немало жртви или штета на тековните активности во нуклеарниот комплекс.

„Њујорк тајмс“ објави дека оттогаш владата признала дека инцидентот предизвикал значителна штета, што ќе ја врати нуклеарната програма на Иран со месеци наназад.

Покрај тоа, „Џерусалем пост“ го цитира кувајтскиот дневен весник на арапски јазик „Ал Џарида“, кој се вели дека израелски мрежен напад во четвртокот го погодил иранскиот нуклеарен објект „Натанц“. Според кувајтскиот весник, експлозијата и уште една експлозија во близина на Парчин биле насочени кон складираниот гас UF6, кој се користи за збогатување ураниум, а Иран сега изгуби 80 отсто од своите резерви на овој гас.

Фалбите со ракетните градови доаѓаат и откако државните медиуми објавија дека Иран успешно ги тестирал ракети со краток и голем дострел во поморската вежба во Оманското Море и во северниот дел на Индискиот Океан минатиот месец, притоа удирајќи во цели на оддалеченост од речиси 174 милји.

Од друга страна, Иран во мај истрела ракета, која по грешка погодила ирански брод за време на поморските вежби во Оманското Море, при што загинале најмалку 19 морнари и повредени биле 15 други, пренесува новинската агенција ИРНА.

Треба да знаете
Последни објави