Search

Иран се заканува со повлекување од Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Иран денеска соопшти дека би можел да излезе од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ) ако европските земји се обратат до Советот за безбедност на Обединети нации поради нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година.

Договорот НПТ од 1968 година е основа за контрола врз глобалната трка во нуклеарно вооружување, вклучително и Договорот со шесте светски сили со Иран.

– Ако Европејците продолжат со своето непримерно однесување или за прашањето за Иран се обратат до СБ, ќе продолжиме да се повлекуваме од НПТ, изјави шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф.

Договорот НПТ го потпишаа 190 земји, а единствена која се повлекла досега е Северна Кореја.

– Покрај лошата волја што ја покажуваат некои европски земји, вратата за преговори со нив не е затворена и топката е во нивниот двор. Мислам дека Иран не е подготвен да преговара за условите кои ги имаат на ум, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави.

Треба да знаете
Последни објави