Search

Иран претстави нова подморница со крстосувачки ракети

Иранскиот претседател, Хасан Рохани, претстави нова домашна подморница вооруженa со крстосувачки ракети, објави денеска иранската „ТВ Прес“ на англиски јазик.

Според извештаите на „Ројтерс“, подморницата Fateh (Освојувач) е тешка 600 тони и е вооружена, меѓу другото, со торпеда, поморски мини и крстосувачки ракети кои можат да бидат лансирани од позиција под површината на водата.

Дострелот на ракетите е околу 2.000 километри, што значи дека можe да ги погодат израелските и американските бази во регионот.

Церемонијата за промоција на подморницата се одржа во пристанишниот град Бандар Ленге, на југот на Иран.

Американската агенција АП потсетува дека од 1992 година, Иран развил силна домашна одбранбена индустрија, која произведува лесни и тешки оружја, од минофрлачи и торпеда, до тенкови и подморници.

Треба да знаете
Последни објави