Search

Иран предупреди за можна анархија на Блискиот Исток

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, денеска предупреди дека е можна анархија на Блискиот Исток, ако светските сили не се обединат за да ја спречат американската агресија. Тоа Зариф го изјави за време на состанокот со пакистанските официјални претставници во Исламабад.

Тој рече дека сведоци сме како САД со својот насилен пристап воведуваат санкции кон Иран и додаде оти регионалните држави мора да се спротивстават на санкциите заради сопствените интереси.

Врвниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хаменеи, оваа недела ги критикуваше Зариф и иранскиот претседател Хасан Рохани дека не успеале да ги спроведат неговите наредби во врска со нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили.

Треба да знаете
Последни објави