Search

Иран негира дека добил предупредување за можен напад од САД

Иранските власти денеска ги негираа тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп им испратил ноќеска со посредство на Оман, порака во кое ги предупредува за американски напад.

– САД не испратиле никаква порака до Иран со посредство на Оман. Во тоа нема ништо точно, изјави Кејван Хорсави портапрол на Врховниот совет за национална безбедност.

Според Иранската телевизија, Хосрави реагирал на информацијата од два странски медиума дека со посредство на Оман, Трамп ги предупредил дека се подготвува напад врз Иран ако Исламската Република не се согласи за преговори.

Треба да знаете
Последни објави