Search

Иран заплени шест тони хероин наменет за Европа

Иранските власти запленија повеќе од шест тони хероин наменет за европскиот пазар и разбија пет меѓународни криминални групи кои шверцувале дрога, јавија иранските медиуми.

Во една од главните криминални групи, меѓу 11-те уапсени имало и Европејци.

Иранските власти не прецизираа од кои земји се приведените, ниту, пак, за датумот кога е спроведена акцијата.

Шверцот на дрога претставува сериозен предизвик за Исламска Република која граничи со Авганистан, најголемиот производител на опиум на светот и Пакистан, главната земја за транзит на дрога.

Италијанската полиција минатата година откри 270 килограми хероин скриен во контејнер на брод кој допатува од Иран. Тоа е најголемата заплена во Италија во последните две децении.

Заменик шефот на иранската полиција Ескандар Монмени изјави дека во Иран има 2,8 милиони зависници.

Треба да знаете
Последни објави