Search

Иран демантира дека стои зад нападите на нафтените постројки во Саудиска Арабија

Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од САД дека стои зад нападите врз нафтените постројки во Судиска Арабија, оценувајќи ги како дел од вашингтонската политика на „големи лаги”.

Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави, изјави дека Вашингтон спроведува политика на „максимален притисок” врз Иран, но заради својот неуспех сега се служи со „максимални лаги”, пренесоа американските медиуми.

Вчерашните напади на беспилотните летала на јеменските бунтовници Хути врз најголемата постројка за преработка на нафта и едно големо нафтено поле во Саудиска Арабија влијаеше на привремената суспензија на производството на нафта на локациите Абкаик и Хураис.

Американскиот претседател Доналд Трамп по нападите го повика саудискиот престолонаследник Салман и му ја изрази американската поддршка.

Треба да знаете
Последни објави