Search

Иран го одбележи Денот на војската со претставување на најновото оружје

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека иранските вооружени сили не претставуваат закана за соседните земји и за регионот.

Илјадници војници и офицери продефилираа денеска пред Рохани во текот на парадата одржана во Техеран, со цел да се одбележи Денот на војската, додека новите борбени авиони од иранско производство летале над нив.

На парадата е претставена најновата воена опрема на иранската армија, вклучувајќи борбени авиони-ловци од домашно производство и одбранбени системи од руско производство.

Иран, исто така, покажа ракети, подморници, оклопни возила, радари и руски одбранбен систем С-300.

– Сакам да им кажам на земјите во регионот дека вооружените сили на Иран не се против вас и вашите национални интереси. Тие се против освојувачите… Корените на нашите проблеми се ционистичкиот режим (Израел) и американскиот империјализам, нагласи Рохани.

Тој додаде и дека Иран бара „регионална безбедност и стабилност”.

Треба да знаете
Последни објави