Search

Иран го обвини Израел пред ОН за нападот со беспилотни летала врз фабриката за муниција во Исфахан

Иран го обвини Израел пред Обединетите нации (ОН) за нападот со беспилотни летала врз фабриката за муниција во градот Исфахан, во близина на локацијата на Иранскиот центар за вселенски истражувања, која беше санкционирана од САД за работа на иранската програма за балистички проектили, објави денеска полуофицијалната новинска агенција ИСНА.

Нападот дојде во време на тензиите меѓу Иран и Западот поради растечките нуклеарни активности на Техеран, снабдувањето со оружје за Русија, вклучително и дронови со долг дострел Шахед 136, и повеќемесечните антивладини демонстрации кои следеа по смртта на Махса Амини, иранска Курдка.

Во писмото до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, иранскиот претставник во ОН Амир Саид Иравани рече дека „примарната истрага сугерира дека Израел е одговорен“ за нападот, за кој Техеран претходно рече дека не предизвикал жртви или е предизвикан од сериозна штета, пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави