Search

Иран го зголеми дневното производство на ниско збогатен ураниум

Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи денеска изјави дека Иран сега, по повторното активирање на подземната лабораторија, секојдневно произведува зголемено количество ниско збогатен ураниум.

Салехи, шеф на иранската Организација за атомска енергија, на американските новинари во Техеран им изјави дека Иран сега дневно произведува најмалку 5,5 килограми ниско збогатен ураниум.

Тој наведе дека е ова можно делумно заради активирањето на подземниот нуклеарен комплекс Фордо.

Американските медиуми потсетуваат дека Техеран, според нуклеарниот договор, некогаш дневно произведувал околу 450 грама.

Иран, од мај почна да ги пречекорува ограничувањата што му беа поставени со нуклеасрниот договор со големите сили, откако САД еднострано излегоа од него и му воведоа санкции на Иран.

Иран пред неколку дена почна со процесот на вбризгување на ураниумски гас во центрифугите во својот подземен нуклеарен комплекс Фордо, со што го презеде најзначајниот чекор за оддалечеување од нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави