Search

Ирански весник ги прогласи ОАЕ за „легитимна цел”

Ултра-конзервативен ирански весник денеска објави дека одлуката на Обединетите Арапски Емирати за нормализирање на односите со Израел ги прави „легитимна цел” за протехеранските сили.

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави договорот меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати во четвртокот, потег што го поздравија американските и израелските сојузници, но осуден од Иран, Турција и Палестинците.

Весникот Кајхан, кој се смета за гласноговорник на ултра-конзервативците на Иран, оцени дека договорот е „предавство” на палестинската кауза.

„Големото предавство од страна на ОАЕ на палестинскиот народ и потпишување договор за нормализирање на односите со ционистичкиот режим, доколку има само еден резултат, тоа ќе биде оваа мала, богата земја, со силна безбедносна зависност, да стане легитимна. и лесна цел за отпорот”, напиша Кајхан во коментар на насловната страница. 

Треба да знаете
Последни објави