Search

Ирански адмирал: На САД никогаш нема да им биде дозволен влез во иранските територијални води

Иранскиот контраадмирал Хабиболах Сајари рече дека Иран никогаш нема да дозволи американски воени бродови да влезат во нивните територијални води, истакнувајќи дека Исламската Република е подготвена да одговори на каква било акција од Вашингтон.

Сајјари го изјави ова во понеделникот, објаснувајќи ја реакцијата на иранската морнарица на враќањето на американскиот носач на авиони УСС Џон Ц. Стенис во петокот во Персискиот Залив, по долго отсуство, објави „Прес ТВ“.

Одговорот на Вооружените сили и на Армијата на Исламската Република е дека ние никогаш нема да дозволиме американските воени бродови да се приближат до нашите територијални води”, рече Сајари.

Тој, исто така, истакна дека присуството на американскиот воен брод не претставува никаква значителна закана за Иран, велејќи дека ‘САД не можат да преземат какви било мерки против нас, бидејќи ние сме толку подготвени и доволно сме способни да му се спротивставиме на таков циркус за публицитет’.

Контраадмиралот додаде дека секоја земја ѝ е дозволено да плови во меѓународните води исто како што иранската морнарица го прави тоа.

Во понеделникот, истовремено со доаѓањето на американскиот носач на авиони, Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) ја одржа последната фаза од воените вежби „Великиот пророк 12″ во Персискиот Залив, кои содржеа офанзивна компонента во иранската воена стратегија .

Американската Петта флота моментално е распоредена во Персискиот Залив. Иран во неколку наврати предупреди дека секој чин на недозволени пловење во нејзините територијални води ќе биде пресретнат со итен и соодветен одговор.

Треба да знаете
Последни објави