Search

Иранските клубови неможат да играат меѓународни фудбалски натпревари во својата земја

Иранските фудбалски тимови неможат да играат меѓународни натпревари во својата земја, соопшти денеска Фудбалската федерација на Иран. Ваква одлука донела Азиската фудбалска конфедерација(АФЦ). Иран има четири клуба кои настапуваат во Азиската лига на шампиони.

Иранските фудбалски власти не соопштија дали одлуката е поврзана со случајното соборување на украински патнички авион минатата недела, во кој загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Иранската фудбалска федерација соопшти дека ќе се сретне со претставници на АФЦ за да се спротивстави на одлуката.

Минатата година саудиските клубови не патуваа во Иран поради затегнатите односи меѓу двете земји. Натпреварите меѓу нив се играа во Обединетите Арапски Емирати.

Треба да знаете
Последни објави