Search

Иранските власти бараат Британците веднаш да го ослободат нивниот танкер

Иран денеска ја повика Велика Британија веднаш да го ослободи нивниот танкер, кој британската кралска морнарица го заплени минатата недела во Гибралтар поради сомневање дека ги прекршил европските санкции, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

„Ова е опасна игра со последици… Правната причина за заплената е неоснована… Ослободувањето на танкерот е во интерес на сите земји“, рече Мусави, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според иранскиот министер, странските сили треба да го напуштат регионот бидејќи Иран и другите околни земји се способни да обезбедат регионална стабилност.

Иран, исто така, предупреди за реципрочни мерки ако танкерот не биде ослободен.

Британската влада во четвртокот објави дека три ирански брода се обиделе да го блокираат преминот на британски танкер низ Хормушкиот Теснец, но дека тие се повлекле по предупредувањата упатени од страна на британски воен брод.

Обединетото Кралство го подигна на највисоко, трето ниво, предупредувањето за бродовите што пловат под знамето на оваа земја во ирански води.

Треба да знаете
Последни објави