Search

Иранскиот танкер го напушти Гибралтар

Иранскиот танкер „грејс 1″ отплови од Гибралтар, еден ден откако  властите во оваа британска територија на југот на Пиринејскиот полуостров одлучија да го ослободат, јавија британските медиуми.

„Грејс 1″ беше запленет на 4 јули под сомнение дека превезува сурова нафта за Сирија, со што ги прекршил санкците на Европската унија за оваа земја.

Врховниот суд на Гибралтар вчера одлучи да го ослободи супертанкерот бидејќи доби официјални писмени гаранции од иранската Влада дека нафтата нема да заврши во Сирија

Треба да знаете
Последни објави