Search

Иранскиот претседател ја повика ЕУ да не подлегнува на притисокот на САД

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси ги повика земјите од Европската унија да дејствуваат независно и да не бидат предмет на притисок од САД.

Раиси во понеделникот во Техеран ги прими амбасадорите на Белгија, Финска и Швајцарија. Неговиот кабинет соопшти дека за време на разговорите тој посочил дека Иран ги почитува одредбите од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, а тоа не го направиле и земјите од ЕУ, пренесува Анадолија.
– ЕУ не смее да подлегне на притисоците на САД. Се надевам дека европските земји, сепак, ќе изберат независност и ќе се држат подалеку од експанзионистичката политика на Вашингтон, порача Раиси.
Иранскиот претседател досега одбиваше да ги продолжи индиректните разговори со САД во Виена за двете страни да се вратат на почитување на договорот, според кој Иран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за олеснување на економските санкции.
За да го запре збогатувањето ураниум, Иран бара укинување на санкциите наметнати од САД кон земјата, но Вашингтон досега одбиваше да го стори тоа.
Треба да знаете
Последни објави