Иранскиот претседател Хасан Рохани понуди извинување за задоцнетото признание дека иранската армија била одговорна за соборувањето на украинскиот авион, пренесе државната иранска телевизија.
„Би сакал да понудам извинување за доцнењето и за нашиот тон“, рече Рохани.
Тој, исто така, ги отфрли како глупости сомнежите дека Иран сака да се нуклеаризира.
„Шпекулациите дека Иран сака да дојде до нуклеарно оружје се глупости што се повторуваа многу пати“, рече тој.
Рохани додаде дека чекорите што Иран ги презел (да ги намали своите обврски во согласност со нуклеарниот договор) се реверзибилни и сите негови активности се спроведуваат под надзор на ИАЕА.
Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин вчера изјави:
„Ние ќе продолжиме да применуваме економски санкции сè додека Иран не престане со терористички активности и не се обврзе никогаш да не поседува нуклеарно оружје“.