Search

Иранската служба за безбедност открила шпионски мрежи на ЦИА и МИ6

Шефот на иранското Министерство за разузнавање, Махмуд Алави, објави дека неговото министерство успеало да ѝ нанесе силен удар на шпионската мрежа на ЦИА која оперира во Иран и во регионот, објави новинската агенција „Мехр“.

Тој вели дека десетици шпиони, кои работат во чувствителни сектори на државата, биле уапсени како резултат на акцијата на министерството.

„Во еден комплициран процес против Централната разузнавачка агенција на САД, идентификувани се 290 шпиони од мрежата за шпионажа во различни земји, вклучувајќи го и Иран”, рече тој.

Алави понатаму истакна дека слична мерка била донесена и во врска со британскта МИ6, ветувајќи дека подоцна ќе објави повеќе детали за операциите против двете странски разузнавачки агенции . Тој исто така рече дека информациите за шпионските мрежи ќе бидат испратени до пријателски држави кои се заинтересирани за нив.

Ниту Вашингтон ниту Лондон не го коментираа извештајот.

Од доаѓањето на администрацијата на Трамп, Вашингтон презеде строг пристап кон Иран во својата надворешна политика. САД, пред се, се повлекоа од иранскиот нуклеарен договор на 8 мај 2018 година и воведоа силни санкции против нафтениот, банкарскиот и превозниот сектор на Техеран во ноември истата година.

Треба да знаете
Последни објави