Search

Иранската морнарица ќе ги продолжи своите активности во Персискиот Залив и покрај предупредувањето од САД

Иранската морнарица ќе ги продолжи своите редовни мисии во Персискиот Залив и во Оманското Море и покрај новата воена директива од САД, која предвидува одбранбени мерки ако на американските воени бродови им се пристапи со вооружени бродови во радиус од 100 метри, изјави висок воен претставник за иранската новинска агенција ИСНА.

Воената морнарица на САД издаде навигациско предупредување, наложувајќи им на бродовите во Персискиот Залив и во Арапското Море да одржуваат минимум 100 метри оддалеченост од американските воени бродови. Во спротивно тие ќе бидат сметани за закана.

Директивата беше издадена вчера од морнарицата на САД, а во неа се наведува потребата од зајакнување на безбедноста, минимизирање на нејасноста и намалување на можностите за погрешна пресметка како резултат на неодамнешните настани.

Минатиот месец, американскиот претседателот Доналд Трамп ѝ наложи на морнарицата на САД да ги уништи сите ирански бродови што пловат премногу близу до воените бродови на САД. Наредбата уследи по инцидентот во Персискиот Залив во кој патролни чамци на Иранската исламистичка револуционерна гарда (ИРГЦ), го сечеа патеките на пловење неколку американски бродови кои имаа вежби на само неколку милји од иранските територијални води.

Иран го осуди овој потег, велејќи дека ја поткопува безбедноста во регионот и ги предупреди САД да не планираат какви било воени потези.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ескалираа уште на почетокот на јануари откако иранскиот врховен воен командант, Касем Солејмани, беше убиен во таргетиран напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.

Во знак на одмазда, Иран лансираше десетици проектили кон двете американски бази во Багдад на 8 јануари, при што над 100 американски војници се добија со повреди со различна тежина како резултат на нападите.

Треба да знаете
Последни објави