Search

Иранската морнарица тврди дека може да собори уште американски дронови

Командантот на иранската морнарица, Хосеин Хазади, им се закани на САД дека Техеран е способен да уништи и други американски шпионски беспилотни летала, како тоа минатата недела.

Агенцијата „Тасним“ пренесе предупредување од адмирал Хазади упатено за време на состанок со група на воени функционери.

Хазади истакнал дека Иран секогаш може да обезбеди интензивен одговор и дека непријателот тоа добро го знае, објави АП.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела нареди, па во последен момент го откажа воениот удар врз Иран, по соборувањето на дронот.

Треба да знаете
Последни објави